Свет
3. July 2025 - 8:46

Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори вредни околу 27 милијарди долари

Саудиска Арабија и Индонезија потпишаа договори и меморандуми за разбирање вредни околу 27 милијарди долари, објавија саудиските медиуми. Договорите се меѓу компании од приватниот сектор во неколку области, вклучувајќи чиста енергија и индустријата за рафинирање на нафта.

Индонезискиот претседател Прабово Субианто вчера пристигна во посета на кралството и се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман.

Двете земји, исто така, се согласија да ја зајакнат соработката во снабдувањето со сурова нафта и нејзините деривати, да го подобрат снабдувањето со енергија и да соработуваат повеќе во природните ресурси воопшто.

Трговскиот промет меѓу Саудиска Арабија и Индонезија во последните пет години изнесуваше околу 31,5 милијарди долари.