Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд соопшти дека неговата земја го задржува правото на воена интервенција против Иран.
„Секако, како што веќе јасно ставивме до знаење, го задржуваме правото да преземеме воена акција доколку е потребно. Ако дојде време за тоа, раководството на Кралството ќе донесе таква одлука“, изјави Бин Фархан Ал Сауд по состанокот на група од 12 арапски и исламски земји во Ријад.
Тој додаде дека Иран не верува во разговори со своите соседи, но се обидува да изврши притисок врз нив, дека тоа нема да функционира и дека овој притисок ќе предизвика лоша политичка и морална реакција.
„Не можам да го сметам за случаен нападот врз Ријад додека се среќаваат неколку дипломати… Мојата дипломатска кариера не е толку долга, па (досега) не сум доживеал толку очигледен обид за уцена како ракетниот напад додека се одржува дипломатски состанок“, изјави Ал Сауд на прес-конференција, неколку часа откако осум балистички ракети беа соборени над Ријад.
МИА
Ново на Сител
-

Пензиите во април ќе се зголемат за 1.000 денари
-

Епископот Велички Никола е нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија
-

Ненад Савески ја превзема функцијата државен јавен обвинител, вети сериозна борба со криминалот
-

Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
-

Зошто власта го одбива предлогот насилниците да се следат со електронски алки
-

Законот за заштита од пушење во вторник на владина сединица
-

Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
-

100 пати подадена рака, хуманост на дело
