Од Босилово стартува кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“
Министерството за земјоделство ја стартуваше кампањата „Гласот што го слушаме - македонско најдобро“ а општина Босилово е првата станица од теренските активности. Кампањата ќе се реализира преку два големи и шест помали тима, кои ќе ја посетат секоја општина, со цел директна комуникација со земјоделците.
Како што информира министерот Цветан Трипуновски, целта на кампањата е да се слушнат потребите и ставовите на земјоделците, да се презентираат досегашните политики и мерки, но и да се отворат дискусии за актуелните предизвици во секторот. Според него, и проблемите и решенијата доаѓаат токму од земјоделците, поради што ваквата комуникација треба да биде континуирана.
Земјоделците ја поздравија кампањата, нагласувајќи дека пласманот на производството и понатаму останува еден од главните предизвици. Тие очекуваат и поголема активност на инспекциските служби на терен, но и државата да најде начин како да ги мотивира младите да останат во земјоделството.
Во наредниот период, кампањата ќе опфати над 30 општини и повеќе од 120 населени места низ државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
