Македонија
23. August 2025 - 15:14

СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања

Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разучарувања за граѓаните.

Опозициската СДСМ со свое гледиште за изминатите четири години во локалните самоуправи. Партијата со низа остри критики за работата на актуелните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но најголем акцент за Град Скопје и скопските општини.

Портапролката на партијата вели дека за четири години главниот град е задушен од сообраќаен хаос и урбано дивеење. 

Кузеска вели дека актуелните градоначалници само испумпувале пари на граѓаните, а ги зголемиле давачките.

-Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари. Преку фирми блиски до власта, систематски се испумпуваа пари од граѓаните. Најочигледен доказ за тоа е фактот дека едни исти фирми, и во општините и во државните институции, добиваат милионски тендери и речиси секогаш се јавуваат како единствени понудувачи. Тоа не е конкуренција, тоа е корупција во најчиста форма, вели Кузеска.

СДСМ денеска за првпат јавно претстави неколкумина од своите кандидати за градоначалници. Дури седум последователни прес-конференции беа одржани во прес-центарот на партијата.

На говорницата се појавија кандидатите за градоначалници на Битола, Прилеп, Охрид, Штип, Свети Николе, Неготино и Куманово.

Без исклучок, сите пресови беа насочени кон работата на актуелните градоначалници во овие општини. Обвинија за матни тендери, предизборен поткуп, нереализирани ветувања и урбанистички хаос секаде каде општините ги водат кадри на власта.

-Куманово веќе со години наназад функционира како личен, криминален вилает на Максим Димитриевски. Куманово стана алатка за задоволување лични и бизнис интереси. Наместо развој, проекти, резултати, граѓаните добија лаги. Моментално, се прави предизборен поткуп во висина од 42 милиони  денари, со бекатонитање по желба на градоначалникот, без никаква техничка документација  и без подземна инфраструктура. Ова во Куманово не е локална власт за народот, ова е локална власт за злоупотреби за лично богатење, вели Мартин Костовски, кандидат за градоначалник на Куманово.

-1. Плоштад „Крушевска Република“ - Ветена реконструкција, резултат нула. Просторот е во катастрофална состојба и далеку од  уреден. Може да се види само бетон и хаотично поставени плочи. 2. Катни гаражи - Најавени на неколку локации – кај „Ривиера“, кај СВР Охрид, кај „Градски пазар“. Реализација: нула. Сообраќајниот хаос во Охрид е сè поголем, а решенија нема.Сега пред избори граѓаните добиваат ново ветување дека ќе добијат катна гаража, меѓутоа после 4 години локалната власт нема образ за нови ветувања, вели Асен Шајн, кандидат за градоначалник на Охрид.

-Наместо ветеното намалување на сметките за вода, прилепчани плаќаат поскапа вода, градски превоз и паркинг, повисок данок и комунални услуги. Нема ништо од бесплатниот оброк за учениците до четврто одделение, новите градинки за 500 деца и бесплатните униформи за ученици од социјално загрозените семејства, вели Петра Лукаровска, кандидатка за градоначалничка на Прилеп.

СДСМ им порачува на граѓаните дека локалните избори се шанса за клучни промени на локално ниво и шанса општините да се врателе таму кадешто им е местото – во служба на граѓаните.