Македонија
8. August 2025 - 12:28

СДСМ: Инфлација од 4,8% – промашените политики на власта го туркаат народот во сиромаштија

Инфлацијата вртоглаво расте – со ВМРО-ДПМНЕ секој нов месец е нов удар врз стандардот на граѓаните. Државниот завод за статистика објави алармантни бројки – инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8 проценти, посочуваат од СДСМ.