СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат

Нови докази за Организираната криминална група, нов корупциски скандал во земјоделието поврзан со мито на државни функционери блиски до ВМРО.
Како што објавија медиумите Директорот на државниот инспекторат за земјоделие, Васе Анакиев, бил фатен „на дело“ при примање поткуп во износ од околу 50.000 евра.
Ова само уште еден скандал во низата кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат земјоделците, и тоа на големо.
ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана токму поради корупцискиот скандал на ВМРО каде директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој беше уапсен исто така за мито од 50.000 евра.
Поради корупцијата на кадрите на Мицкоски и ВМРО во земјоделието нема пари за земјоделците во Македонија.
Субвенциите се намалени за 40%, цените на горивото се покачени, откупните цени се понижувачки мали, зимската зелка се откупува за само 6 до 8 денари, лозарите се исто така оставени со ниски откупни цени и владата одби да го прифати предлогот на СДСМ за плус 3 денари по килограм. Буквално секој сегмент во земјоделието е во катастрофално лоша состојба.
Нема пари за земјоделците заради корупцијата на ВМРО-ОКГ.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
-

Внимавајте: Лажни пораки за наводен сообраќаен прекршок се испраќаат од странски број
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
