СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за користење на државни летала за приватни цели.
СДСМ денеска обвини дека премиерот Мицкоски летово го искористил владиниот авион „Лирџет“ за одмор во Хрватска. Од партијата прашуваат колку граѓаните ги чини овој одмор.
Од Владата демантираат било каква злоупотреба и тврдат дека авионот е користен согласно Правилник.
„Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниту една активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба...“, велат од Владата.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак, потсетуваат на злоупотреби од претходната влада на СДСМ и ДУИ.
„Од ДУИ владиниот авион го користеле и за летови до Ниш. Јавноста добро се сеќава дека од 30 дена, владиниот авион ексминистрите на ДУИ и СДС го користеле 25 дена. Заев и Филипче летаа од Скопје до Прилеп со хеликоптер на државна сметка. “, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според, податоците за година и половина владиниот авион од владини функционери бил употребаван околу 40 пати, во кои на списокот е и патување на Мицкоски до Сплит, за кое опозициската СДСМ сега тврди дека било за приватно патување на премиерот. Лирџетот два пати беше искористен и за пренос на повредени од кочанскиот пожар и за евакуација на две смејства од Израел.
Поради дострајаност и мал капациетот, од СОЗР најавија набавка на нов владин авион.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
