СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
Татко му на Владимир Нелоски имал заедничка фирма со сопругата на газдата на Пирамид Билдинг солушнс за која СДСМ обвинува дека добила 16 милиони евра тендери од општини со кои раководи ВМРО-ДПМНЕ, обвини опозицијата во својата нова т.н. бомба објавена утрово
Фирмата на татко ми не добила ниту еден тендер од државата, врати шефот на кабинетот на премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.
„ Мојот татко е дел од спомената приватна фирма, која не учествува на државни тендери, ниту има добиено тендери. И на никаков начин не може да носи одлуки за државните пари.
Како и секој човек, па и мојот татко кој цел живот работи чесно во приватниот сектор има право да работи, а впрочем истиот со трговија започнал да се занимава уште пред осамостојувањето на Македонија.“ – пишува Неловски коментирајќи дека нападите кои доаѓаат од СДСМ имаат за цел да го прикријат организацискиот хаос во кој се наоѓа опозициската партија.
СДСМ претходно објави дека фирмата Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер од општините кои ги раководат градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. На бирото за јавни набавки може да се најдат нешто помалку од 180 тендери кои оваа компанија ги добила во изминатите повеќе од 15 години. Меѓу нив се и тендери кои ги склучувале и министри и градоначалници кои доаѓаат од редовите на СДСМ.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
