Се формира правен тим кој треба да го застапува министерството за плаќање пенали за неизградениот клинички
Неделава треба да биде формиран правниот тим кој ќе работи на случајот со исплата на пенали поради неизградбата на клиничкиот центар мајка Тереза. Министерот за здравство за Сител потврди дека правниците ќе бидат од МЗ и тие ќе достават покана за средба со италијанските адвокати кои застапувајќи ја фирмата што требаше да го гради објектот побарале дури 8,5 милиони евра отштета. На тој начин сакаат да знаат и кого застапуваат бидејќи по раскинувањето на договорот во 2018 тогашните здравствени власти тврдеа дека нема да има финасиски импликации.
Во март годинава било доставено првото писмо од адвокатската канцеларија од Милано во која била наведена милионската сума за исплата на пенали, додека, пак, во септември адвокатите со второ писмо ги потсетиле надлежните дека го имаат правото на искористување на сите правни дејствија за да ја добијат отштетата поради раното раскинување на договорот.
Дали ке дојдат италијаците во Македонија и што ќе се договорат со МЗ засега е само предмет на претпоставки. Но опцијата што ја имаат на располагање во Министерството за здравство е и арбитражниот суд во Париз.
Инаку 72 милиони евра требаше да чини новиот клинички центар чија изградба според тогашниот технички министер Никола Тодоров ќе завршеше за 5 години. Но неговиот наследник Филипче го раскина договорот и најави изградба на клинички комплекс од 500 000 000 евра. Сегашниот министер ќе ги плаќа пеналите а од нова градба нема ниту трага ниту глас.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
