Се исплаќа авансната помош и зголемените надоместоци за поплавените
Наместо околу 5000 добија 7.500 денари. На околу 650 семејства од поплавените подрачја во скопскиот регион корисници на социјална помош и останати додатоци од државата им е исплатено 50 процентно зголемување на надоместоците. Министерот за труд и социјална политика информираше дека ова е дел од пакетот мерки за помош на загрозените граѓани од катастрофалните поплави.
-Надоместоците со 50-процентното зголемување се исплатени за 650 семејства приматели на социјална парична помош, постојана парична помош, надоместок за помош и нега од трето лице, за мобилност, за слепило и глувост, како и надоместоците што ги добиваат родителите на децата со пречки во развој, односно корисниците на посебен додаток, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Зголемени парични надоместоци за социјалната и детската заштита на корисници од поплавените подрачја ќе се исплаќаат во наредните три месеци. За оваа намена обезбедени се дополнителни средства од буџетот во висина од околу пет милиони денари. Вчера почна исплатата и на авансот во висина од 500 евра на сите граѓани кои претрпеа штета од катастрофалните поплави на 6 август.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
