Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
ВМРО-ДПМНЕ обезеди апсолутно мнозинство во парламентот со најмалку 61 пратеник, по првичните 58 мандати освоени на изборите. Со оваа позиција настапи и на денешната прва работна средба со “Вреди“ за формирање на идната владина коалиција.
Разговорите со Колицијата на Гаши, Касами, Таравари и Меџити сепак продолжуваат, а целта како што вели Мицкоски е постигнување на 2/3 мнозинство во Собранието.
Додека ВМРО-ДПМНЕ го официјализира зголемувањето на својата пратеничка група, од Вреди велат дека засега шекулации се информациите з анови пратеници и кај нив.
Детали од меѓупартиските разговори за идната Влада не се споделуваат. По првичната средба се соопштува дека двете страни треба да се водат од програмските определби кои добија поддршка од граѓаните.
„При таквото раководење на идниот владин состав да се запазат договорените принципи на делување, силно динамизирање на ЕУ интеграции, бескрупулозна борба против корупцијата и криминалот и економски реформи за повисок животен стандард“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На состанокот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не се разговарало за распределба на ресори и кадри. Тоа, според Вреди треба да се очекува веќе на наредната средба.
На прашање за тоа дали собранискиот спикер е дел од коалицискиот колач, Мицкоски вели дека договорите за функциите ќе бидат партнерски и симетрични.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
