Македонија
1. September 2024 - 16:35
Се намалува бројот на ученици
Охридските училишта подготвени за стартот на учебната година, но во континуитет со намален број на ученици. Како резултат на ваквата состојба во која главен фактор е иселувањето и намалениот наталитет советниците на последната седница донесоа одлука за формирање паралелки со помалку од 20 односно 25 ученици во општинските основни односно средни училишта.
Најголем интерес од страна на младите има за стручното образование особено техничките науки и информатиката.
Во основните училишта оваа учебна година запишани се вкупно 435 првачиња, поделени во 29 паралелки. Едносменска настава ќе има само во неколку училишта на територијата на Општина Охрид.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
