Се огласи Теа Таировиќ: Го изменив текстот заради убава девојка од публиката | ВИДЕО
По многубројните реакции откако српската пејачка Теа Таировиќ го измени текстот на познатата македонска песна „Македонско девојче“ каде наместо „Нема поубаво девојче од Македонче“ на настап во Бугарија отпеа „Нема поубаво девојче од Бугарче“ се огласи и самата пејачка на Инстаграм.
Таировиќ вели дека вечерта на нејзиниот настап имало и Бугари и Македонци, додека пак за стихот тврди дека го изменила поради убава девојка од публиката.
Таа додава дека воопшто не се занимава со политика и дека не ја интересираат политичките случувања ниту во нејзината држава, ниту во другите држави.
Пејачката потенцира дека на нејзиниот нареден албум ќе се најде песната со назив „Македонија“ со која како што таа вели сака да оддаде почит и благодарност за љубовта која ја добива од македонската публика.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
