Македонија
28. March 2021 - 16:33

Се почести интервенции на спасувачките екипи по планините

Енормно зголемен бројот на повици за интервенции на планина. За само три месеци спасителите регистрирале 27 јавувања за разлика од минатите години кога имало по еден повик месечно за помош. Пријавените случаи најчесто биле за заглавени возила на патот преку НП Галичица вкупно 15 од кои еден лице  завршило со повреда.Граѓаните во екот на пандемијата сакајќи да ги избегнат гужвите и да уживаат во природата често одат на планина но без потребната соодветна опрема.

Спасителите апелираат до граѓаните да се воздржат од користење на патниот правец преку Галичица без оглед на временските услови затоа што можат да се доведат во опасност, а воедно  се трошат техничките и човечки ресурси, кои се ограничени.

Инаку во планинарската спасителна служба  се ангажирани 16 алпинисти  , а дополнително се работи на обучување на околу 50 лица.