Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите, ќе се прецизираат роковите

Се подготвуваат законски измени за повратот на ДДВ за компаниите. Се разгледува можноста за прецизирање на роковите во случај кога Управата за јавни приходи врши контрола на компанијата.
Од Министерството за финансии посочуваат дека кај нас рокот за поврат на ДДВ е 30 дена без разлика дали се врши контрола во компанијата или не.
Во соседните држави тој рок е поголем, па така во Грција е 90 дена, а во Албанија 60 дена.
Хрватска има ист рок како кај нас, но разликата е во тоа што таму доколку има контрола во компанијата, рокот за исплата е продолжен на 90 дена.
Годинава, според информациите од Министерството за финансии, се исплатени 34,2 милијарди денари, а најголем поврат на ДДВ е забележан во 2022 година кога се исплатени рекордни 44,7 милијарди денари.
Од Министерството за финансии уверуваат дека кај компаниите кај кои не се констатирани неправилности, исплатата оди без проблеми.
МИА
Ново на Сител
-

Си-ен-ен: Се урна безбедносна комуникациска мрежа на американската НСА
-

Македонските млади фудбалери У17 и покрај поразот продолжуваат во елитните квалификации
-

Андоновски одржа мастерклас во Париз: Во фокусот дигиталната трансформација на јавната администрација
-

Реновираниот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде отворен во февруари, деновиве ќе се објави конкурс за сместување
-

Србија доби нов парламентарен состав, пратениците положија заклетва
-

50-годишен маж со огнено оружје се заканувал на сопругата со која е во бракоразводна постапка
-

Татко ја нападнал својата 20-годишна ќерка
-

Хашим Тачи осуден за попречување на правдата на 17 месеци затвор
