Се полнат болничките капацитети во Охрид и Струга
И нервното одделение во Охрид преадаптирано во Ковид центар, а доколку продолжи да расте притисокот врз болничките капацитети пациентите ќе се згрижуваат и во болницата за ортопедија и тауматологија Свети Еразмо. Моментално во охридската болница хоспитализирани се 109 додека во Кардиолошкиот завод се лекуваат 34 пациенти со Ковид-19. Голем дел од нив се на кислородна подршка. Третиот бран на коронавирусот драстично ја зголеми бројката на нови позитивни случаи.
За разлика од Охрид, во Струга овој бран од вирусот е многу послаб. Модуларната болница е празна, а на интерното одделение се лекуваат 15-на пациенти. Надлежните велат будно се следи состојбата и подготвени се и за наплив на заболени.
Според податоците во месец март има повеќе заболени од Ковид-19 во Охрид отколку во првите два месеци заедно оваа година. Додека пак минатата година овој период, во соседна Струга имаше голем број заболени и хоспитализирани, а беше и рекордер по смртност на државно ниво. Само вчера во Охрид беа регистрирани нови 39 позитивни, додека во Струга 17.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
