Се полнат капацитетите во охридската болница
Се полнат болничките капацитети во Охрид. Евидентен е порастот во бројката на новодијагностицирани позитивни на Ковид-19. Во моментов болнички се згрижени 63 пациенти од кои 80 посто се на кислорона подршка и со тешка клиничка слика од 37 до 85-годишна возраст. Модуларната болница која има капацитет од 36 легла исполнета е целосно, а дел од останатите пациенти се згрижени во интерното и геријатриското одделение.
Охрид е меѓу градовите каде изминативе недели забрзано се шири британската мутација на вирусот. А дополнителен проблем претставува и оптеретувањето на здравствените работници кои постојано ротираат.
Во првата недела од март регистрирани се 152 новозаболени од Ковид-19. Моментално има 440 активни случаи.
Инаку околу 80 здравствени работници од Охрид ја примија првата доза на вакцината Фајзер, додека со новата вакцина треба да се довакцинираат уште околу 50 тина медицински лица.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
