Македонија
16. May 2024 - 16:38

Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност

Забодениот нож до автомобилот на Кацарска надлежните го третираат како Загрозување на сигурноста на службено лице. Допрва истрагата и вештачењето ќе треба да покажат кој го поставил импровизираниот кревет и ножот во гаражата на зградата каде живее Кацарска. 

Согласно протоколот за обезбедување од службите е наредено камери да се монтираат веднаш во зградата. Во влезот каде што живее Кацарска може да се влезе само доколку некој ја знае лозинката или пак има клуч. Подземната гаража е на станарите и секој има свое обележано место. Кацарска веќе ја обезбедуваат лица од МВР бидејќи таа и претходно се соочила со закани и инциденти.

Директорот на КПУ Идризово чиј службен автомобил беше опожарен вчера, не верува дека овие два слуачи се поврзани. Јовановски за Сител вели дека очекувал вакво нешто со оглед на неговата позиција но не добивал закани претходно. 

Според него информациите дека можеби двата случаи се поради некои кривични предмети на кои претходно тој работел заедно со Кацарска, ги смета за обид да се наштети на истрагата.