Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник

Во тек е санирањето на штетата што ја има направено насилникот во училниците за предметна настава во Општинското основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, а со редовна настава учениците од А смена од прво до деветто одделение и од Б смена од прво до деветто одделение ќе се вратат во понеделник, информираше за МИА директор на ООУ „Ванчо Прќе“-Штип, Кокан Радев. Тој истакна дека настанот беше веднаш забележан и пријавен, по што се преземени соодветни мерки во координација со надлежните институции.
- Службите реагираа навремено, а училиштето е веќе целосно средено и исчистено. Направена е проверка на сите простории и констатирано е дека нема никаква опасност за учениците и вработените. Сакаме јасно да потенцираме дека наставниот процес продолжува непречено во понеделник и се одвива според предвидениот распоред-вели Радев.
Тој истакна дека безбедноста и благосостојбата на учениците и вработените се и ќе останат нивен врвен приоритет, и во таа насока ќе продолжиме со дополнителни мерки за превенција и зајакнување на сигурноста.
Тој апелираше и до медиумите и до граѓаните да не шират непроверени информации, како и фотографии. Посочувајќи дека на социјалните мрежи беше објавена фотографија од тоалет во училиштето со испишани пораки. Радев вели дека таа фотографија е монтажа, од засега непознато лице.
МИА утринава информираше дека наставата не започна за над 1.100 ученици од најголемото централно училиште во Штип, по вандалски чин. Уништени се смарт табли, табли, инвентар, компјутери. Вандалот со спреј и остар предмет ги правел штетите низ училиштето, а на ѕидовите со спреј испишал и недолчични содржини. Радев тогаш изјави дека е направена голема материјална штета во кабинетите за предметна настава. Вандалот единствено не успеал да влезе во кабинетот по хемија, бидејќи бил заклучен. Радев вели дека според камерите инасталирани во училиштето вандалот влегол околу полноќ.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
