Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош.
Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-
ДЗР: Отсуство на интегриран систем и слабости во контролите во Фондот за здравствено осигурување
-
Приведени две лица на Табановце – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола
-
Борбен авион Ф-35 се урна во САД
-
Пораст на процентот на туристи од Франција, Германија и Велика Британија, најбројни и натаму туристите од Турција
-
Кажала: „Да“, после 43 запросувања во седум години
-
Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
-
Поддршка за ранливите потрошувачи на енергија - обезбедени 42,3 милиони денари финансиска помош
-
Трамп: Трговскиот договор со Канада ќе биде тежок поради плановите за признавање на палестинската држава