Македонија
1. May 2019 - 16:26

Се трансформира Заводот во Бања Банско

Стартува процесот на трансформација на заводот во Бања банско. Во текот на овој месец се очекува првите штитеници да ја  напуштат установата  да и го започнат својот самостоен живот. За таа цел  од страна на државата се обезбедени четири социјални станови кои ќе бидат комплетно опремени, а  во уредувањето на истите ќе учествуваат и самите лица кои ќе живеат тука .

,, Не се семејства. Тоа се баш доделени станови каде што овие лица ќе живеат самостојно со поддршка на персонални асистенти кои што ќе бидат обезбедени преку центрите за социјална работа и секако вработените од самата институција ќе го променат да кажеме начинот на своето работење и ќе бидат поддршка за овие лица во становите каде што тие ќе живеат. Значи тие што нема да можат самостојно да живеат ќе добијат 24 часовна поддршка. Тоа ќе значи негувател или лица за поддршка во текот на целиот ден.,, вели  ДУШАН ТОМШИЌ – СОВЕТНИТ НА МИНИСТЕРОТ ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА

Заводот во Банско не е единствената институција во која се прави процесот на трансформација. Тој веќе се спроведува во заводот во Демир Капија, а во текот на оваа година комплетно се трансформираат сите институции кои згрижуваат деца.

,, Веќе ги извадивме сите дечиња од установата Демир Капија. Таму веќе и подолг времески период претходно се извадени 84 корисника. Во текот на оваа година ќе г трансформираме комплетно сите институции кои згрижуваат деца. Значи деца без родители 11 Октомври Скопјеи установата за деца со воспитно социјални проблеми. Сите живеат во индивидуални станбени кучи. И уште едно, го намаливме бројот на деца во домот за доенчиња Битола од 64 на само 17. Значи сите деца отида или по пат на посвојување или во згрижувачки семејства и планот е и таа институција до 2020 Република Северна Македонија да веќе деца згрижени во овој тип на установи.,, вели ТОМШИЌ

Согласно стратегијата на ресорното министерство процесот  на деинституционализација е предвидено да трае десет години, но тенденцијата е тој да заврши за две. Во меѓувреме лицата кои имаат одредена деловна способност работно ќе се оспособуваат за да се овозможи да заработат и на тој начин во еден дела  да придонесат и  самите за себе.