Балкан
17. November 2026 - 10:46

Се урна српски воен авион МиГ-29, загина пилотот | ВИДЕО

Воен авион МиГ-29 на Војската на Србија се урна на земјоделска површина меѓу Стара и Нова Пазова. Во несреќата животот го загубил пилотот кој управувал со леталото.

По ударот во земјата, авионот се запалил и бил целосно уништен од пожарот, додека над местото на падот се издигнувал густ црн чад.

Според сведочењата на локалните жители, непосредно пред несреќата авионот летал на мала височина, а неговото движење било проследено со силен звук.

На терен веднаш биле упатени полициски и противпожарни екипи, возила на Итната медицинска помош, како и припадници на српската армија.

Засега нема официјална реакција од Министерството за одбрана на Србија, ниту дополнителни информации за околностите под кои се случила несреќата.