Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец
Се уште се трага по исчезнатиот 60 годишен стружанец кој неделата се упатил да бере печурки кон селото Брчево и не се вратил дома.Во полициската станица го пријавил неговиот брат откако неможел да воспостави контакт со него.Со оглед на тоа дека ваквите случаеви на исчезнати лица е во подем како што посочува Додески од планинарската спасителна служба од Охрид треба посистематски и потемелно да се работи на технолошките подобрувања на системот за цивилна заштита ,посотојат современи системи кои и онаму каде нема достапност на мобилна мрежа да можат да го лоцираат мобилниот телефон.
Во ваквите случаи потрагите можат да траат со денови местото каде е исчезнат стружанецот е комплициран планински терен со густа вегетација и многу тешко прооден и за луѓе кои пешки пристапуваат.
Од Планинската спасителна служба велат дека ова не е прв ваков случај на 18ти овој месец исчезна белгиски турист кој имал во план да планинари во охридско струшкиот регион кон Албанија .И покрај темелното пребарување сеуште не е пронајдена ниту една трага од исчезнатиот турист.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
