Се врши ревизија на работењето на екс директорот на Онкологија
Директорката на Онкологија прави целосна ревизија на работењето која треба да покаже дали има скандал на клиниката со немањето и препродажбата на цитостатици. Министерот за здравство изјави дека го побарал ова од новата менаџерка за да се дознае каде завршуваат парите во оваа јавна здравствена установа која е должник рекордер и е во минус над 12 милиони евра. Не платиле за терапии ниту за комунални трошоци. Сали конечно и јавно кажа зошто побарал оставка од Нино Васев.
-Прогресивно зголемување на долгот на клиниката, ненавремено снабдување со терапија и недавање на можо решение за овој проблем. И ако брзо не реагиравме со оставка на директорот долговите ќе растеа уште прорпогресивно, изјави Беким Сали министер за здравство.
Беким Сали прво ќе ја чека ревизијата на директорката по што ќе одлучи дали и која надлежна институција ќе го продолжи случајот со Онкологија. Но не е само во долгови оваа клиника туку и останатите од комплексот Мајка Тереза, што резултира со голем и заостанат долг за електрична енергија.
Во делот на заедничките служби, поради наталожен долг во период на ковид-пандемија се соочиле со отежнато функционирање во делот на финансиското менаџирање. Фондот за здравствено осигурување е во комуникација со клиниките и се бара начин како да се надополнат буџетите, со цел да се подмират долговите, вели Сали.
Долгот на сите јавни здравствени установи е над 100 милиони евра а најголем должник е Онкологија.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
