Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија

Македонската фудбалска репрезентација од вчера се наоѓа во Глазгов, а вечерва ја очекува дуелот од 5. коло од Лига на нациите Б сегмент, на гостински терен во Шкотска. Селекторот на македонскиот национален тим Гоце Седлоски на прес-конференцијата во пресрет на дуелот истакна:
-Следниот натпревар е голем натпревар, со една силна репрезентација - Шкотска. Пред еден месец во Скопје загубивме од овој ривал. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Трениравме во супер атмосфера изминативе три дена. Сакам да видам верба во себе, тактички добро да стоиме и да одиграме натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека ќе излеземе од негативната серија во дуелот со Шкотска. Кај противникот се враќа во составот Мектоминеј. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите, се надевам дека ќе продолжат и понатаму така, изјави Седлоски.
Натпреварот Шкотска и Македонија се игра на „Хампден парк“ во Глазгов, денеска (петок), со почеток од 20:45 часот.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
-

Де ла Фуенте: Ниту Јамал, ниту некој друг играч има посебен третман во репрезентацијата
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
