Македонија
3. October 2021 - 16:41

Седми ден кампања

Пет нови големи паркови низ Скопје ветува независната кандидатка за градоначланик на главниот град Данела Арсовска, која ја поддржува опозцијата. Таа вели дека на метрополата измнативе неколку години и се случувало бетонизација, а загадувањето била главна карактеристика на урбанотот живеење во градот. Парковите кои ги нуди се дел од нејзината зелена програма.

Актуелниот градоначалник, Шилегов како кандидат на СДСМ пак, денеска кампањата ја сведе на зголемување на неговата поддршка преку директни средби со граѓаните, за што информираше на својот Фејсбук профил.

„Чест ми е што бев поканет да се обратам на овој собир во Чаир организиран од бошњачката партија СДА и претседателот Џелал Хоџиќ коишто ми ја даваат целосната поддршка за следниот мандат во Скопје. Заедно со носителката на листа за Град Скопје, Софија Пејкова и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу ве уверуваме дека тука нема да застанеме, затоа што во наредните 4 години ќе го прошириме бул. Цветан Димов со 6 ленти, ул. Лазо Трповски ја пробиваме до Пластичарска, а бул. Џон Кенеди го пробиваме до касарна Илинден“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Активности и  средби со граѓани имаа и останатите кандидати за градоначалници на Скопје.

Партиските карвани пак, и денеска ќе ја крсотсуваат државата. Колаицијата на владејчката СДСМ е во Ѓорче Петров и Тетово, опозицискиот карван на ВМРО-ДПМНЕ е во Куманово, Карпош и Кисела вода, Левица во Кавадарци и Неготино, ДУИ е во Студеничани, Алијанса на Албанците во Брвеница.