Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска

Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден.
Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје Александар Трајановски, за МИА потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за проблемот.
-Засега нема повикано седница, ниту од страна на град Скопје, ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот, по преминувањето на Трајко Славески нема претседател на Совет и секоја седница индивидуално се назначува претседател на совет. Засега седница нема закажно, осовено не за точката за која ме прашувате, изјави Трајановски за МИА.
Според извори од ЈСП, најава за прекин на движењето на автобусите на ЈСП заега нема, посочувајќи дека вчера попладне пристигнале околу 20 тони нафта, по десет во двете авто бази кои, како што велат се доволни за вчерашниот и денешниот ден.
Град Скопје во соопштение од медиумите вчера реагираше дека „Пуцко петрол“ ја прекинал испораката на нафта иако, како што велат има активен договор со ЈСП.
-Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од Пуцко петрол се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Асмир Јахоски од Пуцко петрол, соочен со обвиненија затворска казна и подложен на уцени иако има активен договор за испорака на нафта ја прекина доставата, се вели во соопштението од Град Скопје.
Од Град Скопје, меѓу другото, најавуваат дека за Асмир Јахоски и Пуцко петрол ќе се покрене соодветна постапка за материјална и кривична одговорност кои произлегуваат како последица од непочитување на договорот за снабдување на ЈСП со нафта со што имаат цел автобусите на ЈСП да престанат да сообраќаат.
МИА
Ново на Сител
-

Голем успех за 12-годишниот Македон: Примен во престижната програма за таленти на „Џонс Хопкинс“
-

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
-

Денеска се очекува изрекување на пресудата за Тачи и водачи на ОВК
-

ФБИ има нови информации за напаѓачот кој се обиде да изврши атентат врз Трамп
-

Сандерс и Бенон повикаа на ограничување на вештачката интелигенција
-

Канцеларија на САД за буџет: Трошоците за војната со Иран се повеќе од 38 милијарди долари
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
