Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за финансирање и буџет, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правна комисија.
На дневен ред на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.
Пред ченовите на Комисија за финансирање и буџет ќе се најдат Предлог законот за издавање на вредносни ваучери и Предлог законот за изменување на Законот за стоковните резерви, двата по скратена постапка.
Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.
На дневен ред на Законодавно-правна комисија се Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, Предлог законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог законот за издавање на вредносни ваучери и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени
-
ЦУК: Активни осум пожари, под контрола пет и 12 изгаснати
-
Изгаснат пожарот кај делчевско Стар Истевник, на границата со Бугарија
-
Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје