Седници на седум собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за социјална политика, демографија и млади, за надворешна политика и надворешна трговија, за култура и туризам, за финансирање и буџет, за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата и Законодавно правната комисија.
На дневен ред на Комисија за социјална политика, демографија и млади се 12 точки. Пратениците треба да ги разгледаат измените и дополнувања на Законот за социјалната заштита, измените на Законот за семејството, измените на Законот за употреба на знаковниот јазик, измени на Законот за социјална сигурност за старите лица, измени на Законот за инвалидски организации, измени на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци, измените на Законот за обележување, уредување и одржување на гробишта и гробови на борците погребани на територија на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територија на Република Македонија, измените на Законот за материјално обезбедување на учесниците во Народноослободителната војна, измените на Законот за правата на прогонуваните и затворaните лица за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност и на членовите на нивните семејства, измените на Законот за правата на носителите на Партизанска споменица 1941, на лицата одликувани со Орден на народен херој и на борците од Шпанската националноослободителна и револуционерна војна од 1936 до 1939 година, сите во прво читање.
На дневен ред на Комисијата се и измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, во второ читање, како и Предлог на закон за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање.
Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија ќе ги разгледува Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за воспоставување заеднички контроли на граничните премини за меѓународен патен сообраќај Табановце (Република Северна Македонија) и Прешево (Република Србија) и
Предлог на закон за ратификација на Листата за измена на Листата на специфични обврски и Дисциплини за домашна регулатива во услугите, во прво читање.
На дневен ред на Комисијата за култура и туризам е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за туристичката дејност.
На Комисијата за финансирање и буџет треба да биде разгледан Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа, во второ читање.
На Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе има амандманска расправа за три закони.
Според информациите од веб страната на Собранието, амандамни не се поднесени за Предлог на закон за електронските комуникации, додека за Предлог на закон за безбедност на мрежни и информациски системи се поднесени седум амандмани, за Предлог на закон за архивски материјал и архивска дејност три амандмани, додека за измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се поднесени два амандмани.
Седница ќе одржи и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на чиј дневен ред се Предлог на закон за вработените во јавниот сектор, Предлог на закон за административни службеници и Предлог на закон за стручно усовршување и обука на административните службеници, во прво читање и со европско знаменце.
Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одржи две седници. На дневен ред на 22 седница на Комисијата се Предлог - одлуката за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Утврдување Предлог за избор на член на Советот на јавните обвинители и утврдување Предлог - одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”.
На 29. седница на Комисијата, која ќе се одржи веднаш по завршувањето на продолжението на 22. седница, на дневен ред е Утврдување предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Oктомври".
Ново на Сител
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата