Седум лица убиени, 11 ранети во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк

Седум лица се убиени, а 11 повредени во украински напад со дрон врз автобус во областа Доњецк, соопшти вршителот на должноста шеф на самопрогласената руска Доњецка Народна Република, Денис Пушилин.
Во објава на Телеграм тој наведе дека дронот погодил патнички автобус што сообраќал на линијата Москва – Симферопол на полуостровот Крим што е исто така под руска контрола.
Руските медиуми јавуваат дека Истражниот комитет веднаш во врска со случајот покренал кривична постапка за извршено дело „терористички напад“.
Украинската страна засега не се огласила за инцидентот.
Во меѓувреме, Русија соопшти дека над повеќе региони биле соборени десетици украински дронови, додека двете страни продолжуваат со меѓусебни обвинувања за нови напади и покрај претходните дипломатски напори за смирување на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Вучиќ ѝ ја предаде должноста претседател на Ана Брнабиќ, таа рече „нема друг како него“
-

АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
