Седум медали за сите седум вина на „Монтеко“ на највлијателниот и најпрестижен вински натпревар во светот
Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот, Decanter World Wine Awards 2025, винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот. Освоените признанија на Decanter се круна на успехот на винаријата „Монтеко“ за оваа година и уште една потврда за врвниот квалитет на нејзините вина, добиена од врвни интернационални вински експерти.
Во конкуренција од илјадници вина од 57 земји од целиот свет, сите седум вина од портфолиото на „Монтеко“ се закитија со медали на првото учество на Decanter. Сребрен медал освоија црвените вина „Вранец“, „Мерло“ и „Неро“, додека бронзен медал добија црвените вина „Филип“ и „Каберне совињон“ и белите вина „Темјаника“ и „Шардоне“. Успешниот резултат доаѓа само неколку месеци по успехот на International Wine Challenge (IWC), каде вината на „Монтеко“ освоија шест медали.
- Со постигнатите резултати на Decanter, „Монтеко“ стана единствената македонска винарија, а и една од ретките во светот, кај која сите вина што ги произведува се закитија со медал на ова големо натпреварување. Конкуренцијата таму е екстремно силна, се натпреваруваат илјадници вина од целиот свет и водечките светски винарии, а нашите вина добија многу високи оценки од најреномираните вински експерти. Со тоа уште еднаш покажавме дека Кратово е новата точка на винската мапа на светот. Од срце им благодариме на сите што веруваат во квалитетот на нашето вино. Ова е само почеток, продолжуваме понатаму со новитети и унапредување на винската индустрија во земјава и регионот – истакнуваат од винаријата „Монтеко“.
Ново на Сител
-
Приведен крадец во Скопје, пронајдено и возилото што го украл
-
На „Богородица“ и на „Табановце“ се чека 20 до 30 минути
-
Владата со препораки за заштита од топлотниот бран
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси