Македонија
1. January 2022 - 16:48

Седум сообраќајки, 4 повредени и 12 приведени на новогодишната ноќ, 17 граѓани завршиле на Токсикологија

Дочекот на 2022 се славеше бурно и по малку опасно. 18 тепачки, 7 сообраќајки, кражби  и опијанети граѓани, вака помина новогодишната ноќ. Четири лица се здобиле со тешки повреди во 4 различни сообраќајки по што биле пренесени во ургентниот центар. Превртени автомобили, судари, 48 казни за пијани возачи, 11 за брзо возење. Од МВР сепак оценија дека новогишната ноќ поминала  мирно и без поголеми инциденти со значително помалку кривични дела од претходната година.

Најмладите најмногу се забавувале со алкохол, дури 7 тинејџери завршиле на токсикологија, малолетници на возраст од 14 до 17 години. И лекарите од итната помош имале бурна ноќ кај нив се јавиле околу 50 граѓани да побараат помош.

Во станица завршиле 12 лица а регистрирани се и 18 прекршувања на јавниот ред и мир.