СЕЌАВАЊА
Една неправда. Една борба против моќните. И судница во која секоја грешка може да биде пресудна.
„Сеќавања“ носи напната приказна во која вистината не е секогаш доволна за да се докаже невиноста. Во центарот на приказната е Умут, млад човек со неверојатна меморија, кој ќе се најде пред најголемата битка во својот живот. Неговиот татко Риза е обвинет за убиство кое не го извршил, а Умут е решен по секоја цена да ја докаже невиноста на татка си.
Неговата необична способност да запомни сè што ќе види станува неговото најсилно оружје. Трагите што другите ги пропуштаат, Умут не ги заборава, а потрагата по вистината го носи до луѓе кои имаат доволно моќ да ја сокријат. Во борбата му се придружува адвокатката Алев, која ќе се обиде да му помогне да го спаси татко Риза му и да открие што навистина се случило кобната ноќ.
Но, од другата страна на законот стои Харун Јакар, еден од најуспешните и најопасни адвокати, човек кој одлично знае како функционира системот и како да го искористи во своја полза.
Како што Умут се приближува до моментот за правда, така станува јасно дека случајот е многу поголем отколку што изгледал на почетокот. Кој ќе ја докаже вистината, кој ќе ја сокрие, а кој на крајот ќе ја плати цената? Не пропуштајте ја приказната за моќта, судските битки и тајните кои допрва ќе излезат на виделина.
Ново на Сител
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
