Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад

Минатата година во земјава биле собрани вкупно 637 471 тон комунален отпад, што е зголемување во однос на претгодните години, додека проценките за вкупно создаден комунален отпад се 790 866 тони, што е намалување во однос на претходните години. Целокупното количество на собран комунален отпад се фрла на депонија.
Секој жител минатата година создал во просек по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната 2023 кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците Државниот завод за статистика.
Комунален отпад е отпад кој се собира или со него се постапува од или за општините. Го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси, отпад од дворовите и градините, уличен смет, содржината на отпадните контејнери и отпадот од чистењето на пазарите. Дефиницијата го исклучува отпадот од општинските канализациски мрежи, како и отпадот од градежништвото и при уривање.
Посебно сега, кога контејнери за селекција има во секоја населба, ја имате можноста да бидете промената што сакате да ја видите во општеството. Потребен е минимален напор да се селектира отп
Податоците од колективните постапувачи што доставиле извештаи до Миистерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека 65 проценти од вкупното количество отпад од пакувања пуштен на внатрешниот пазар бил рециклиран, односно од 80 575 тони отпад од пакување пуштен на пазарот биле рециклирани 52 605 тони.
По категории лани единствено отпадот од пакувања од хартија и картон пуштен на пазарот бил целосно и повеќе рециклиран (105%), потоа следи отпадот од метал (80%), стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%). Во апсолутни бројки, најмногу се рециклирал отпад од хартија и картон (29 614 тони), потоа пластика (8 979 тони), стакло (7 570 тони), дрво (3 416 тони) и метал (3 026 тони).
Трошоците за заштита на животната средина во 2024 година изнесувале 10 503 523 000 денари или 169,4 милиони евра, додека од даноци поврзани со животна средина во 2023 година биле собрани 12 198 700 000 денари или 196,7 милони евра.
МИА
Ново на Сител
-

Новиот закон за јавно обвинителство денеска на владина седница
-

Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“
-

Третина од домаќинствата во земјава живеат во трисобен стан меѓу 51 и 70 метри квадратни, 71% се греат на цврсти горива, а 20% на струја
-

На цистерна со гас, со македонски регистарски таблички, избувнал пожар на патот Елбасан - Пеќин
-

Пренасочување на сообраќајот на делницата Прилеп- Битола по регионалниот пат Р1101
-

На новогодишната ноќ студено со ветер, ќе провејува снег
-

Пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација при претрес во неготинско Војшанци
-

Засилени контроли на АХВ: 60 казни и уништени над 600 килограми небезбедна храна
