Живот
5. November 2026 - 13:13

Секој трет што позајмил пари на пријател останал без позајмените парите, а многумина и без пријателството

Истражување на американската финансиска компанија LendingTree покажува дека секој трет што позајмил пари на пријател останал без парите, а многумина и без пријателството.

Според резултатите, 32 проценти од испитаниците што му позајмиле пари на пријател не ги добиле назад. Дополнително, 36 проценти изјавиле дека изгубиле пријателство поради позајмување на пари, додека 41 процент признале дека позајмените пари предизвикале конфликт во нивните пријателските односи.

Истражувањето покажува дека позајмувањето пари може сериозно да ја наруши довербата меѓу пријателите. Невратените долгови често предизвикуваат разочарување, лутина и чувство на искористеност, што во одредени случаи доведува до целосен прекин на комуникацијата.

Околу 19 проценти од испитаниците што позајмиле пари на пријател изјавиле дека последната позајмица негативно влијаела врз нивното пријателство.

Проблемите со враќањето на позајмените пари не се одразуваат само врз финансиската состојба, туку и врз меѓусебната доверба. Истражувањето покажува дека за многумина невратениот долг значи и крај на пријателството, без оглед на тоа колку долго траело.

Ново на Сител