Македонија
28. January 2026 - 16:31

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите

Да откриете дали некој македонски функционер крие фирма на свое име е вистинска голгота за која ќе ви треба и среќа и пари. Само една проверка на име во Регистарот на вистински сопственици чини 300 денари, а ако сакате да го прочешлате историјатот на функционерот, цената е 800 денари. И додека граѓаните плаќаат за транспарентност, институциите кои треба да го гонат криминалот не го ни користат овој регистар. Податоците до кои дошле Цивика мобилитас покажуваат дека дури 42 од 339 избрани и именувани функционери имале фирма, а од нив половина делумно или целосно сокриле сопственост.

Во Антикорупциската комисија очекуваат до крајот на 2027 година да се надогради софтверското решение и на дневна основа да добиваат информации за сопствениците на фирми.

Функционерите вообичаено ги почитуваат правилата во институции во кои ги раководат, но анализите потврдиле нивно силно политичко влијание во други сектори. Заклучокот на истражувачите е јасен без интеграција на сите бази на податоци, патот на парите останува невидлив. Препораките се освен функционерот, со изјавите за интерес да се опфтати и неготото потесно семејство но и да се воведат построги казни за криење на фирми. За споредба, во Велика

Британија ваквиот регистар бил посетен 6 милјарди пати а јавноста открила случаи каде дури и деца под 4 години биле запишани како сопственици на фирми.