Секоја секунда се активираат три нови веб-страници

Со преку милијарда активни интернет-страни ширум светот, секоја секунда се отвораат три нови страници. Според тоа, во светот се создаваат 175 страници секоја минута, 10.500 секој час, 252.000 дневно, а активно се користат 18 отсто од нив (речиси 202 милиони страници).
„Гугл“, „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Х“ (Твитер) се најпосетуваните страни на интернет. Врз основа на податоците од „симиларвеб“ – „google .com“ е најпосетувана интернет-страна, а потоа следат „youtube .com“, „facebook .com“, „instagram .com“ и „twitter .com“. Северна Европа има највисоки стапки на пристап до интернет. Според „Статиста“ – германска компанија за собирање податоци, во април 64,9 отсто (5,18 милијарди) од светското население користеле интернет, а 59,9 отсто (4,8 милијарди) користеле социјални мрежи.
Во однос на просечното времетраење на посетата, корисниците минуваат околу 10 минути и 38 секунди на „Гугл“, 20 минути и 25 секунди на „Јутјуб“, 10 минути и 43 секунди на „Фејсбук“, осум минути и 22 секунди на „Инстаграм“ и 10 минути и 47 секунди на „Х“.
Земјите со најголем пристап до интернет се Норвешка, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, сите со 99 отсто. Азија води по бројот на корисници на интернет со 2,93 милијарди, а по неа е Европа со 750 милиони корисници.
Ново на Сител
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
-

Јаневска: Ценам дека резултатите се објективни - Просечната оценка од матурата – 3.66
-

Ручекот во ресторани и сместувањето во Охрид се поскапо
-

МВР ќе истражува како бугарските пратеници влегле во Македонија и покрај забраната
-

Тема на денот со Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
