Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, и извршниот директор на Anthropic, Дарио Амодеј, се повикани да се појават пред австралиска сенатска анкетна комисија за вештачката интелигенција. Повиците доаѓаат по откритието дека автономен агент на OpenAI пристапил до базата на податоци на системот за здравстено осигурување Medicare.
Јавните расправи ќе се одржат во Канбера в четврток, изјави портпаролот на сенаторката од Зелените, Сара Хансон-Јанг, која ја води истрагата. Писмени покани се испратени до двајцата раководители.
OpenAI и Anthropic не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Комисијата го истражува потенцијалното влијание на вештачката интелигенција и центрите за податоци врз локалните заедници, индустријата, водата и енергијата. Тоа е една од неколкуте федерални и државни истраги за оваа тема во Австралија.
Австралискиот премиер Ентони Албанезе го откри хакирањето на Medicare во четвртокот. Тој го нарече „неприфатливо“ и рече дека изразил „екстремна загриженост“ кај Алтман.
OpenAI соопшти дека дознале за инцидентот дури во август.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
