-->
-->
Сензација на кошаркарскиот мундијал, Литванија ги совлада Американците
-->
Репрезентацијата на Литванија направи сензација на СП во Манила откако во осминафиналето ја совлада селекцијата на САД со 110-104.
Европскаа репрезентација победата ја најави уште во првата четвртина кога направи огромна предност од 31-12 и истата успеа да ја сочува до крајот иако САД во еден момент се доближија на само четири поени и тоа во финишот од третата четвртина.
И кога се очекуваше да го нападнат ова водство на противникот во последниот период од мечот, Литванија одлично се одбрани и заслужено триумфираше. Инаку ќе остане забележано дека во последната четвртина беа постигнати вкупно 78 поени.
Во останатите дуели катастрофа на Словенија во пресметката со Германија, Летонија го изненади Бразил а Црна Гора славеше против Грција. Србија се пласира во четвртфиналето со убедлива победа против Доминиканската Р.
СП КОШАРКА 1/8 финале
Австралија - Грузија 100:84
Италија - Порторико 73:57
Грција - Црна Гора 69:73
Бразил - Летонија 84:104
Германија - Словенија 100:71
Доминиканска Р. - Србија 79:112
САД - Литванија 104:110
Шпанија - Канада 86-88
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
