Сестрата на Ким Џонг Ун и се закани на Јапонија, рече дека ќе зажалат

Ким Јо Џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, предупреди дека Пјонгјанг ќе усвои „дополнителни воени опции“ како одговор на она што го нарече трансформација на Јапонија во воена сила, откако Токио тестираше крстосувачка ракета „Томахавк“ од американско производство.
Во соопштението што го пренесе севернокорејската државна агенција КЦНА, Ким ја обвини Јапонија дека го надминала одбранбениот став и ги претворила своите вооружени сили во сила способна за превентивни напади и прекуморски воени операции.
Ким рече дека Северна Кореја ќе одговори на начин што ќе ја наведе Јапонија да почувствува дека нејзината безбедност е изложена на поголема опасност.
-Треба да ги натераме да зажалат – рече таа.
Ким, која го води одделот за водење евиденција во владејачката партија на Северна Кореја, рече дека стекнувањето капацитети на Јапонија за напади со долг дострел ефикасно ги ставило Северна Кореја и другите соседни земји во нејзиниот домет.
За да се спротивстави на воените активности на Токио кои можат да претставуваат потенцијална закана за безбедноста на Северна Кореја, Ким рече дека Пјонгјанг ќе „воспостави дополнителни воени опции“, без да даде дополнителни објаснувања.
Ким исто така ги обвини САД дека и овозможуваат на Јапонија да ја зајакнува војската со испорака на ракети „Томахавк“, модифицирање бродови за нивно функционирање и поддршка на ракетните тестови.
МИА
Ново на Сител
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
-

Уапсен 15-годишник кој возел камиот без возачка дозвола
-

Осум повредени во верижна сообраќајка помеѓу четири возила кај Битола
-

АХВ: Бугарија ги засили официјалните контроли при увоз на свежо овошје и зеленчук
-

Белорусинка пронајдена мртва во хотел во Охрид
