Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“

Северна Кореја соопшти дека тврдењата на САД дека стои зад хакирањето на платформата Бајнанс (Binance) се „апсурдна реторика“ и тоа не е ништо ново.
ФБИ во саботата соопшти дека Северна Кореја е одговорна за хакерски напад во кој беа украдени дигитални средства во вредност од 6,3 милијарди долари од берзата за криптовалути Бајнанс.
„ФБИ се обидува да ја етикетира Северна Кореја како „кибер криминална држава“, тврдејќи дека има информации дека хакерска организација поддржана од Себерна Кореја е вклучена во инцидентот“, рече Ким Јо Џонг, јавија севернокорејските медиуми.
„Тие тврдења се апсурдна реторика и ништо ново“, додаде Ким, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Тоа е едноставна политичка провокација против Северна Кореја, со која САД сакаат да го доведат меѓународното јавно мислење до погрешен заклучок дека целиот кибер криминал во различни делови од светот потекнува од нас“, истакна Ким.
ФБИ во саботата соопшти дека севернокорејските хакери кои припаѓаат на групата TraderTraitor се одговорни за нападот.
МИА
Ново на Сител
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
