Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари

Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
Ново на Сител
-

Стоилковиќ се сретна со делегација на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа
-

19-годишно момче од Тетово загина во Италија откако паднало од покрив висок седум метри додека работело
-

СЗО алармира: Дебелината кај децата четирикратно зголемена од 1990 година
-

Виш обвинител од Битола под истрага за незаконско влијание врз обвинители и судии
-

МОН објави конкурси за стипендии за средношколци во учебната 2026-2027
-

МПЦ-ОА против кратење на верските празници: Тие се вековна врска меѓу народот и Црквата, а не само неработни денови
-

Политико: Европските престолнини се подготвуваат за можен хибриден напад со жртви
-

Последното танго на Меси: Гол, две асистенции, солзи и овации на збогувањето со Аргентина | ВИДЕО
