Шампионскиот појас на Мухамед Али продаден за шест милиони долари

Шампионскиот појас на еден од најдобрите боксери на сите времиња Мухамед Али од легендарната борба со Џорџ Форман од 1974 година во Заир е продаден на аукција за 6.18 милиони долари.
Како што синоќа соопштија американските медиуми, најголем износ на аукцијата во Далас понудил сопственикот на НФЛ тимот Индијанаполис, Џим Арсеј, и шампионскиот појас на Али сега е во неговата лична колекција.
Појасот ќе биде изложен на 2 август во Чикаго, а на 9 септември во Индијанаполис.
Борбата меѓу Али и Форман од 30 октомври 1974 година во Киншаса, наречена „Татнеж во џунглата“ (Rumble in the Jungle), е една од најпознатите во историјата на боксот. Али во Заир го нокаутираше Форман во осмата рунда и ја врати титулата светски првак во тешка категорија.
Мухамед Али почина на 3 јуни 2016 година, на 74-годишна возраст, од компликации предизвикани од Паркинсонова болест, од која боледуваше последните три децении од животот.
Ново на Сител
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
-

Мицкоски на презентација на извештајот на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
-

Делегација од Конгресот на локални власти на Советот на Европа во посета на Собранието
-

Во Франција поради насилство на протестите на средношколците приведени 5.060 лица, 14 се во притвор
-

Украина со 650 дрона ја нападнала московската област, 105 уништени на приодите кон Москва
-

Трамп потпиша одлука за проширување на пристапот до дизел гориво ослободено од данок
-

Божиновска на вториот министерски самит за енергетика во Белград
