Шчесни: Се обложив во 100 евра со Меси дека нема да досудат пенал, загубив но нема да му платам
Полскиот голман Војчех Шчесни изјави дека загубил облог 100 евра од Лионел Меси. Во 35. минута, главниот судија Дани Маккели, откако гледаше видео реприза, досуди пенал затоа што голманот на полската репрезентација го закачи со рака напаѓачот на аргентинската селекција во лице при една интервенција во воздух.
– Дали разговаравте со Меси по натпреварот? – Не, разговаравме пред пеналот. Реков: „Се обложувам во 100 евра дека судијата нема да досуди пенал. Така го загубив облогот од Меси. Не знам дали ова е дозволено на Светското првенство. Можеби ќе бидам казнет. Но не ми е гајле. И нема да му платам! Нему не му е грижа, па ми се вратија 100-те евра, низ смеа изјави голманот на Полска и Јувентус.
Полска успеа да се пласира во плејофот на Светското првенство, иако синоќа загуби од Аргентина со 2:0.
Во осминафиналето Полска ќе игра со Франција.
Ново на Сител
-

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал
-

Трамп: Земјите што тргуваат со Иран ќе плаќаат царина од 25 проценти
-

Дводневен штрајк на таксистите во Грција
-

Променливо облачно и студено
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
