Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско

Денеска (01.08.2026) полициски службеници од СВР Тетово во врска со објавеното видео на социјалните мрежи за пукање на семејна веселба во Добридол, гостиварско, извршија претреси на повеќе локации, при што се приведени шест лица, а едно лице е повикано на службен разговор. При претресите се пронајдени и одземени оружје и муниција.
Во 18:00 часот е извршен претрес кај И.С. (21) од село Добридол, а во 18:05 часот, кај А.И.(30) од с.Добридол, при што е пронајден и одземен еден гасен пиштол. Во исто време е извршен претрес и кај И.Б.(25) од с.Добридол.
Во 18:15 часот е извршен претрес во домот на Б.А. во с. Добридол, при што се пронајдени 30 куршуми за гасен пиштол, додека во дворот се пронајдени 27 испукани чаури од гасен пиштол и еден патрон за ловно оружје. Од слобода се лишени Б.А. (46) и неговиот син М.А. (21) од с.Добридол.

Потоа, во 18:25 часот извршен е претрес кај Т.М.(26) од с.Добридол, при што се пронајдени и одземени еден пиштол со осум куршуми, една ловна пушка со седум куршуми и еден гасен пиштол, по што тој е лишен од слобода, а С.М. е повикан на службен разговор.
Сите лица се приведени во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
-

Македонија во екстремен ризик од пожари – Надлежните предупредуваат на внимателност
-

Преглед на вестите од светот
-

Подобрување на епидемиолошката состојба во Гостивар, но водата и понатаму не е за пиење поради нова бактерија
-

Нема активни пожари во државата, ДЗС на готовс
-

Свеченост во Воената академија: Промовирани нови офицери на Армијата
