Шест милиони денари од Струмица за граѓанскиот сектор
26 локални граѓански организации добија околу 6 милиони денари како поддршка од општина Струмица за реализација на нивните проектни активности. Средствата се наменети за реализација проекти кои се однесуваат на Локален економски развој и туризам, култура, млади, заштита на животната средина, социјална и детска заштита и еднакви можности на жените мажите. Првиот човек на општина Струмица вели дека соработката со невладиниот сектор е многу важна и затоа тие како локална самоуправа секогаш ја афирмираат , а сите организации кои аплицирале по еден од трите распишани повици ја добиле бараната поддршка.
За граѓанските организации поддршката од локалната самоуправа е многу важна бидејќи се работи за проекти од различни области кои значат подигање на свест за важни теми, едукација, но во исто време и подобро секојдневие на сите граѓани од општината.
Сите проекти од граѓанскиот сектор се компатабилни со општинските стратешки документи и приоритети за оваа 2023 година.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар