Шест, а не три обиди за биомедицинско оплодување на товар на ФЗО, скратено и времето за одлучување на две недели

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овомзожени на товор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство. Ова, како што соопштија денеска генералните директори на Фондот Сашо Клековски и Бранко Аџигогов е една од законските измени усвоени на 10 јули годинава во Собранието.
- Измените предвидуваат вклучување на БПО во основниот пакет на здравствени услуги, зголемување на шест наместо три обиди за БПО на товар на Фондот и усогласување на ослободувањето од партиципација, истакна Клековски.
Дополнително, рече, Фондот го скрати времето на одлучување од три месеци на две недели.
- Фондот го дигитализираше процесот во оваа фаза кон барателите, вклучувајќи го ваучерот за БПО, но и поедностави дел од адиминистратицниот процес, потенцира Клековски.
Новина е, информираа директорите, и тоа што се олеснува лекувањето во странство.
- Се применуваат препораките од Државниот завод за ревизија. Второстепената комисија ќе одлучува само по жалби, не повеќе и по мислење на Првостепената комсија со што се скратува процесот и обезбедеува двостепеност. Рокот за одлучување се скратува од 45 на 30 дена, а се брише и склучување договори со странски болници поради неприменливост, нагласи Клековски.
Според ФЗО, се поголем број брачни парови и поединци се соочуваат со проблеми при зачнување, а успешноста на третманот често се зголемува со зголемениот број обиди.
Ново на Сител
-

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење
-

Baby boom во Прилеп: За 10 часа родени седум бебиња, за два дена вкупно 12
-

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
