Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес

На 17.02.2026 во СВР Велес биле пријавени шест случаи на обиди за измами. Еден случај е пријавен во СВР Велес од 53-годишна велешанка, која пријавила дека машко лице се јавило на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди, за што е потребно да се направи операција и побарал да донесе пари за интервенција во болница во Велес.
Останатите пет случаи се пријавени во ОВР Неготино, каде лица на возраст од 69 до 78 години, пријавиле дека машко лице им се јавило, им кажало дека членови на нивните семејства се здобиле со повреди и за да се изврши оперативен зафат потребно е да донесат пари. Побараните суми достигнувале и до 35 000 евра, а лицето во неколку од случаите се претставувало како лекар или како полициски службеник. На некои од пријавителите им било побарано парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес. Сите пријавители се посомневале, ги контактирале своите блиски и сфатиле дека се работи за измама.
СВР Велес апелира до граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати личности и сите сомнителни случаи да ги пријават во полициска станица. Исто така, полициските службеници и во претстојниот период ќе продолжат со засилено темпо да реализираат превентивни активности за заштита од измами, особено за повозрасната популација, со цел граѓаните да се информираат и едуцираат за опасностите од телефонските измами, како да ги препознаат и да не дозволат да бидат жртви на овој вид измами.
Ново на Сител
-

Јаневска за Сител: Законот за високо образование е во интерес на сите, издржаните предлози ќе се прифатат
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Собранието го избра Гоце Наумовски за нов уставен судија
-

Владата се откажува од намерата да купи нов авион
-

Први притвори во Македонија за петте тони марихуана фатена во Србија
-

Дисквалификуваниот Панчевски поднесе кривична до Советот на јавни обвинители
-

Судење за оддавање службена тајна: Димитровска тврди, случајот е последица на ревизорскиот извештај за СЈО
