Шестмина убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан

Најмалку шест луѓе се убиени во сомнителен израелски напад во јужен Либан, вклучувајќи тројца болничари, објави либанската државна агенција ННА.
Нападот бил насочен кон центар за цивилна одбрана во областа Набатија, соопшти ННА, додавајќи дека уште 22 лица се ранети.
Израелската војска не го коментираше веднаш извештајот.
САД вчера објавија дека актуелното примирје меѓу Израел и милицијата Хезболах, поддржана од Иран, ќе биде продолжено за 45 дена. Меѓутоа, во последните недели примирјето постојано е прекршувано од двете страни, потсетува ДПА.
По избувнувањето на конфликтот во Иран, израелските сили извршија напади врз позициите на Хезболах во јужен Либан и врз упориштата на групата во предградијата на Бејрут.
Либанските власти наведуваат дека од почетокот на март и продолжувањето на борбите во земјата се убиени околу 2.900 лица, вклучувајќи многу жени и околу 200 деца, потсетува ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Силен земјотрес во Егејското Море
-

Меџити: 100 нови контејнери за почист и поуреден Чаир
-

Иран тврди дека договорот за прекин на конфликтот би довел до повторно отворање на Ормуската Теснина
-

Војската на САД соопшти дека соборила ирански дронови во Ормуската Теснина
-

СП 2026: Бразил без Нејмар против Мароко
-

СП 2026: САД стартуваа со убедлив триумф над Парагвај
-

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам
-

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД
