Loading Video...
Фудбал
29. July 2022 - 19:53

Шкендија единствен македонски претставник во конференциската лига

Пласман на Шкендија во третото квалификациско коло во Конференциската лига со уште една убедлива победа против летонската Валмериа додека Македонија ЃП е елиминирана од бугарскиот тим ЦСКА со убедлив пораз во софија. 
Нема дилеми Шкендија има ново лице  во новата сезона под водството на прославениот македонски репрезентативец Артим Шакири.  И во реванш дуелот  со Валмеира екипата од Тетово има јасна цел а тоа е  втора победа против  Валмеира кој на крајот беше совладан со 3-1. 
Првата радост на навивачите ја обезбеди Бејтулаи во 11-тата минута  а  по израмнувањето на Мурата на сцена стапи разиграниот Дориев и го врати водството за македонскиот претставник. 
До крајот  Рамадани стави печат на втората победа на Шкендија против  гостите од Рига и пласман во третата квалификациска рунда против Шведскиот АИК Стокхолм. 
Тешка задача имаше Македонија ЃП на гостувањето во Софија каде македонскиот тим беше поразен со 4-0 но беше и мета на провокации на домашните фанови со што оправдано се очекува реакција за бугарскиот тим од  УЕФА. 
По добриот почеток на средбата  лавовите како да застанаа и Матеј и Јомов  обезбедија висока предност која во вториот дел беше дуплирана за конечни 4-0  со головите на Туфекчиќ и Назон.